Горе > БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА > ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ > МОНТАЖА

МОНТАЖА

  • Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.

  • Монтирајте го апаратот на цврст и рамен под.

  • Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата.

  • Не поставувајте го апаратот на директна сончева светлина и не изложувајте го на топлина од апарати за греење, како на пример, шпорети или греалки.

  • Внимавајте да не ја соголите задната страна на апаратот при монтажата.

  • Монтирајте го апаратот на место од каде што може лесно да се исклучи приклучокот за струја на апаратот.

  • За време на склопувањето или расклопувањето внимавајте да не ви падне вратата на апаратот.

  • При склопувањето и расклопувањето на вратата на апаратот, внимавајте да не го продупчите, згмечите или оштетите кабелот за струја.

  • Приклучокот за струја не смее да биде вклучен со кабелот свртен нагоре и не дозволувајте апаратот да се потпира на приклучокот.

  • Не модифицирајте го и не продолжувајте го кабелот за струја.

  • Проверете дали штекерот за струја е правилно заземјен и дали контактот за заземјување на кабелот за струја е оштетен или изваден од приклучокот за струја. За повеќе детали околу заземјувањето, обратете се во Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.

  • Апаратот мора да биде опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде вклучен во соодветен штекер којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните законски регулативи и уредби.

  • Никогаш не вклучувајте апарат кој има знаци на оштетување. Ако се сомневате, консултирајте се со продавачот.

  • Отстранете ги сите материјали за пакување, како на пример, пластични кеси и стиропор, подалеку од децата. Материјалите од пакувањето може да предизвикаат задушување.

  • Не приклучувајте го апаратот во адаптер со повеќе штекери, којшто нема кабел за напојување (монтиран).

  • Апаратот треба да биде поврзан со посебна линија за струја, за којашто има засебен осигурувач.

  • Не користете штекер со повеќе приклучоци којшто не е правилно заземјен (продолжен кабел). Мора да е усогласен со техничките спецификации на апаратот и може да се користи само за апаратот.