Следете ги упатствата долу за да го користите методот на звучна дијагноза.
Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата за звучна дијагноза дадени во апликацијата LG ThinQ.
Отворете ја вратата на фрижидерот.
Затворете и отворете ја вратата на фрижидерот 5 пати во рок од 8 секунди.
Ако не ја затворите и отворите вратата 5 пати во рок од 8 секунди, времето ќе се ресетира. Потоа, треба повторно да ја затворите и отворите вратата 5 пати.
Ако ѕвончето заѕвони 4 пати, отворете ја вратата од замрзнувачот и држете го телефонот близу отворот за звучникот.
Откако ќе заврши преносот на податоци, дијагнозата се прикажува во апликацијата.
За најдобри резултати, не помрднувајте го телефонот додека се пренесуваат звуците.