Горе > РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ > Пред да го повикате сервисот > Работење

Работење

Протекува вода.

Одводните цевки во домот се затнати.

  • Одзатнете ги одводните цевки. Стапете во контакт со водоводџија, ако е потребно.

Протекувањето се случува при неправилна монтажа на одводното црево или поради затнато одводно црево.

  • Исчистете го и исправете го одводното црево. Редовно проверувајте го и чистете го одводниот филтер.

Капачето на одводниот филтер на пумпата не е поставено правилно.

  • Повторно наместете го одводниот филтер за пумпата.

Машината не работи.

Контролната табла е исклучена поради неактивност.

  • Ова е нормално. Притиснете на копчето Напојување за да ја вклучите машината.

Машината е исклучена.

  • Проверете дали кабелот е сигурно приклучен во штекерот.

Водата е исклучена.

  • Целосно одвртете ја славината за вода.

Контролите не се соодветно поставени.

  • Погрижете се да е правилно поставена програмата. Затворете ја вратичката и притиснете на копчето Старт/Пауза.

Вратата е отворена.

  • Затворете ја вратичката и проверете дали нешто ја попречува за целосно да се затвори.

Прекинувачот на колото/осигурувачот е прекинат/прегорен.

  • Проверете ги колата/осигурувачите. Заменете осигурувач или ресетирајте го колото. Апаратот треба да е приклучен на посебно струјно коло. Апаратот ќе ја продолжи програмата таму каде што застанала штом повторно се врати струјата.

Потребно е ресетирање на контролите.

  • Притиснете на копчето Напојување и потоа повторно изберете ја посакуваната програма и притиснете на копчето Старт/Пауза.

Старт/Пауза не е притиснато по избирањето на програмата.

  • Притиснете на копчето Напојување и потоа повторно изберете ја посакуваната програма и притиснете на копчето Старт/Пауза. Апаратот ќе се исклучи ако не го притиснете копчето Старт/Пауза во одредено време.

Екстремно низок притисок на водата.

  • Проверете ги другите славини во домот за да видите дали притисокот е соодветен.

Машината ја загрева водата или прави пареа.

  • Барабанот може времено да престане да функционира во одредени програми, додека водата не се загрее на соодветната температура.

Апаратот запира неколку минути и потоа се рестартира.

Уред за заштита на моторот е активиран за да се спречи прегревање на моторот.

  • Ова е нормално. Ако се активира уредот за заштита на моторот, апаратот ќе запре неколку минути и потоа повторно ќе стартува.

Копчињата не функционираат соодветно.

Активирана е опцијата Child Lock (Заклучување за деца).

  • Деактивирајте ја опцијата Child Lock (Заклучување за деца) ако е тоа потребно.

Вратата не се отвора.

Откако машината ќе почне со работа, вратата не се отвора поради безбедносни причини.

  • Ова е нормално. Можете безбедно да ја отворите вратата откако ќе исчезне H/Ã.

Машината не се полни соодветно.

Доводниот филтер е затнат.

  • Проверете дали доводните филтри на вентилите се затнати.

Можно е доводните црева да се превиткани.

  • Проверете дали доводните црева се превиткани или затнати.

Недоволно снабдување со вода.

  • Проверете дали славините за топла и ладна вода се одвртени целосно.

Цревата за топла и ладна вода се испомешани.

  • Проверете дали доводните црева се правилно поврзани.

Од машината не се цеди водата.

Превиткано одводно црево.

  • Проверете дали одводното црево е превиткано.

Местото на одводнување е повисоко од 1 метар над подот.

  • Одводното црево не треба да е повисоко од 1 метар од подот на којшто е поставен апаратот.

Детергентот не влегува во машината или влегува делумно.

Користите премногу детергент.

  • Следете ги принципите обезбедени од производителот на детергентот.

Може да е блокиран одводниот филтер на пумпата.

  • Исчистете го одводниот филтер.

Програмата трае подолго од вообичаено.

Машината не е наполнета доволно.

  • Додајте уште облека за да се избалансира полнењето на машината.

Потешки парчиња се мешаат со полесни парчиња.

  • Секогаш перете парчиња со слична тежина, за машината рамномерно да ја распореди тежината.

Полнењето на машината не е избалансирано.

  • Рачно распоредете ја облеката доколку има заплеткани парчиња.

Одложен е крајот на циклусот

Тоа се должи на небалансираност, или пак вклучена е програмата за отстранување пена.

  • Ова е нормално. Преостанатото време прикажано на дисплејот е само проценка. Реалното време може да варира.