Горе > РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ > Пред да го повикате сервисот > Миризба

Миризба

Мирис на мувла во машината

Барабанот не е правилно исчистен.

  • Редовно вклучувајте ја функцијата Tub Clean (Чистење на корито под барабан).

Непријатна миризба може да се јави доколку одводното црево не е правилно наместено, поради што отпадната вода се враќа во машината.

  • Внимавајте при монтажата одводното црево да не се превитка или блокира.

Доколку не го чистите редовно диспензерот за детергент, може да се јави непријатна миризба поради мувла или страни супстанци.

  • Отстранете го и исчистете го диспензерот за детергент, особено горниот и долниот дел од отворот на диспензерот.