Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Контролна табла и функции

Контролна табла и функции

*1

Оваа функција е достапна само за некои модели.

  1. Fridge

    Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.

    • Првичната температура на фрижидерот е 3 °C.

    НАПОМЕНА
    • Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.

  2. Freezer

    Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -23 °C и -15 °C.

    • Првичната температура на замрзнувачот е -18 °C.

  3. Super Cool

    Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

  4. Super Freeze

    Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

    • Оваа функција автоматски завршува по одреден период.

    НАПОМЕНА
    • Кога е вклучен овој режим, може да се зголеми бучавата и потрошувачката на енергија.

  5. Cleaning Time

    Оваа функција го запира целото ладење во преградите за фрижидер и замрзнувач, но внатрешниот LED-индикатор работи, така што е погодно за чистење.

    • Притиснете и задржете го копчево во траење од 3 секунди за да ја вклучите функцијата.

    • Оваа функција автоматски застанува по 15 минути, а сите функции на апаратот ќе продолжат со работа.

    • Откако ќе истече времето на чистење, LED светилката во рамките на уредот трепка и се огласува аларм.

    ВНИМАНИЕ
    • Оваа функција го запира целото ладење во преградите за фрижидер и замрзнувач 15 минути. Бидете внимателни при складирање на мраз или лесно расиплива храна.

  6. Lock

    Ги заклучува копчињата на контролната табла.

    • За да ги заклучите копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се вклучи индикаторската сијаличка и не се активира функцијата.

    • За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се исклучи индикаторската сијаличка и не се деактивира функцијата.

  7. Vacation

    Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на фрижидерот е 7 °C, а на замрзнувачот -15 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на фрижидерот и замрзнувачот се враќа на претходните поставки.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

    • Кога е вклучена функцијава, не работат другите копчиња освен копчето Wi-Fi.

  8. Wi-Fi

    Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги паметните функции за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.

НАПОМЕНА
  • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура за секоја преграда.

  • Контролниот панел ќе се исклучи автоматски додека е затворена вратата.

  • Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.