Напојување
Притиснете го копчето Напојување за да го вклучите или исклучите.
По завршувањето на циклусот, струјата автоматски се исклучува заради безбедност и економичност.
Доколку се појави превисок напон на струја, прекин во снабдувањето со струја или слаб напон, напојувањето автоматски се исклучува заради безбедност.
Кога напојувањето повторно ќе биде нормално, машината автоматски се вклучува и го продолжува циклусот.
Дигитален екран
Дигиталниот екран на контролната табла го прикажува проценетото време на циклусот. Кога се избрани циклусот и опциите, екранот го прикажува вкупното проценето време потребно за да заврши. Додека апаратот работи, екранот го прикажува преостанатото проценето време.
Во прикажаното време не е вклучено времето потребно за загревање на водата итн.
Ако сте избрале Delay Start (Одложен старт), екранот го прикажува одложеното време во часови.
Циклусот Auto (Автоматски), може да варира во зависнот од нивото на нечистотија на садовите.
Икона за дополнување сол
Оваа икона светка кога нивото на сол е многу ниско. Автоматски ќе се изгасне кога ќе дополните.
Икона за чистење на машината
Оваа икона засветува на секои 30 циклуси.
За да ја активирате или деактивирате, држете го копчето Machine Clean (Чистење на машина) притиснато 3 секунди.
Икона за дополнување средство за плакнење
Оваа икона светка кога нивото на средството за плакнење е многу ниско. Автоматски ќе се изгасне кога ќе дополните или кога ќе го подесите нивото на 0.
Икона за заклучување контроли
Оваа икона свети кога е активирана функцијата за заклучување на контролите.
Вклучување/исклучување звуци
За да го активирате или деактивирате звукот на копчињата, истовремено притиснете ги копчињата Half Load (Половина полнење) и Extra Dry (Екстра суво) и држете ги 3 секунди. Звукот за известување за грешка не се исклучува.
Cancel (Откажи)
Се активира филтерот на одводната пумпа и циклусот се откажува. Откако ќе се исцеди, апаратот сам се исклучува.
Притиснете го и држете го копчето START (Старт) во траење од 3 секунди за да ја активирате функцијата за откажување.
START (Старт)
За да го користите апаратот, притиснете START (Старт) и затворете ја вратата или затворете ја вратата и притиснете START (Старт) (зависно од типот на екран).
Доколку не го притиснете копчето START (Старт) во рок од 4 минути, апаратот автоматски ќе се исклучи.