Горе > РАБОТЕЊЕ > Табела со програми > Програма за перење

Програма за перење

AI Wash

40 ℃ (Co (Cold (Ладно)) до 60 ℃)

Максимум полнење: 3 kg

Упатства

AI Wash овозможува соодветно дејство на ротирање на барабанот откако ќе заврши мерењето на облеката ставена во него.

  • Пере нежно за водоотпорна ткаенина и силно за ткаенина што пропушта вода.

НАПОМЕНА
  • За најдобри резултати од перењето, внесувајте ги сувите алишта за програмава.

Cotton (Памук)

40 ℃ (Co (Cold (Ладно)) до 95 ℃)

Максимум полнење: измерено

Упатства

За перење нормално извалкани алишта со комбинирање на различни движења на барабанот.

Eco 40-60 (Еко 40-60)

40 °C (40 °C до 60 °C)

Максимум полнење: измерено

Упатства

За перење нормално извалкани алишта на чијашто етикета пишува дека може да се перат на температура од 40 ℃ или 60 ℃.

Mixed Fabric (Мешана ткаенина)

40 ℃ (Co (Cold (Ладно)) до 60 ℃)

Максимум полнење: 4 kg

Упатства

За перење мешани ткаенини истовремено.

  • Да се користи за различни видови на облека, освен посебна облека (свила/деликатни алишта, спортска облека, темна облека, волна, јоргани/завеси).

Easy Care (Лесна грижа)

40 ℃ (Co (Cold (Ладно)) до 60 ℃)

Максимум полнење: 4 kg

Упатства

За перење алишта што не треба да се пеглаат по перење.

  • Да се користи за полиамид, акрил, полиестер.

Allergy Care (Нега против алергии)

60 °C

Максимум полнење: 4 kg

Упатства

Помага во минимизирање на супстанците што предизвикуваат алергиска реакција.

  • Користете за памук, долна облека, покривка за перница, чаршафи, бебешка облека.

Delicates (Деликатна облека)

20 ℃ (Co (Cold (Ладно)) до 40 ℃)

Максимум полнење: 3 kg

Упатства

Пере долна облека за машинско перење, проѕирни и чипкасти алишта.

Cotton Turbo (Турбо за памук)

40 ℃ (Co (Cold (Ладно)) до 60 ℃)

Максимум полнење: 5 kg

Упатства

Сепере побрзо помалку од половина полнење на лесно извалкана облека отколкуистото полнење на облека со програмата Cotton (Памук).

Speed 14 (Брзина 14)

20 °C (20 °C до 40 °C)

Максимум полнење: 2 kg

Упатства

За перење на мали количини слабо извалкани алишта околу 14 минути.

Dry Only (Само сушење)

-

Максимум полнење: измерено (Сушење)

Упатства

Ги користи автоматските програми за сушење на повеќето алишта.

  • За сушење на сите алишта, погрижете се сите алишта да се слични според материјалот и дебелината.

Wash+Dry (Перење+Сушење)

40 ℃ (Co (Cold (Ладно)) до 95 ℃)

Максимум полнење: измерено (Сушење)

Упатства

За перење и сушење на алишта со истата програма.

Rinse+Spin (Плакнење+Центригуфање)

-

Максимум полнење: измерено

Упатства

Ги плакне и центрифугира алиштата. Употребете омекнувач за ткаенина ако е потребно.

НАПОМЕНА
  • Изберете ја соодветната температура на водата за избраната програма на перење. Секогаш следете ги информациите или упатствата на етикетата од производителот при перењето за да избегнете оштетување на облеката.

  • Изберете ја соодветната температура за перење и вртежите на центрифугата согласно програмата.

  • Реалната температура на водата може да се разликува од декларираната температура за циклусот.

  • Се препорачува неутрален детергент.