Автоматското готвење ви овозможува лесно да ја готвите омилената храна со избирање на типот на храна и внесување на тежината на храната.
Притиснете СТОП/Отстрани.
Притиснете Автоматско готвење додека на екранот не се појави саканиот код од менито.
Притиснете СТАРТ/Внеси.
Погледнете подолу за да ги поставите саканиот код и тежина.
Состојки
1 компир, сецкан
0,5 кромид, сецкан
2 лажици свеж зеленчук, сецкан
1 целер, сецкан
800 g школки, исчистени
0,5 шолја бело вино
Сол и бибер по вкус
600 g крем супа
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Во длабок и голем сад додајте ги компирот, кромидот, свежиот зеленчук, целерот, школките, белото вино, солта и биберот и убаво измешајте.
Покријте со пластична обвивка со дупчиња.
Отстранете ги лушпите и додајте крем супа и добро измешајте.
Состојки
600 g пире од зеленчук
1,5 шолји пилешки булјон
2 лажици брашно
2 лажици путер
1 шолја крем
Морско оревче, сол и бибер по вкус
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Додајте ги сите состојки во длабок и голем сад и добро измешајте.
Покријте со пластична обвивка со дупчиња.
Промешајте најмалку двапати за време на готвењето.
Состојки
4 средна големина домати
Сол и бибер по вкус
400 g мелено говедско месо
0,5 шолја лебни трошки
2 чешниња лук, рендани
1 лажица сенф дижон
1 лажица сушен зеленчук
1 лажица сирење пармезан
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Исечете ги врвовите на доматите за да формирате капи и извадете ги семките, внимавајќи да не го прободете месото или кожата. Потоа на секој домат наросете сол и бибер.
Во сад додадете ги останатите состојки и убаво измешајте.
Наполнете ги доматите со мешавина од говедско месо и заменете ја капата.
Полнетите домати ставете ги на чинија и покријте ги со пластична фолија.
Состојки
1 - 2 модри патлиџани
1 - 2 домати
Сол и бибер по вкус
100 g рендано сирење
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Модрите патлиџани и доматите исечкајте ги на парчиња од 1,5 cm и зачинете ги со сол и бибер.
Ставете ги модрите патлиџани и доматите на чинија и ставете сирење врз секој домат.
Состојки за болоњезе сос
1 лажица маслиново масло
1 кромид, сецкан
1 чешне лук, рендан
400 g мелено говедско месо
100 g доматно пире
2 исецкани домати
1 лажица сушен зеленчук
Сол и бибер по вкус
Состојки за тестенини
150 g тестенини, варени по упатството на пакувањето
1 лажица сирење пармезан
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Во длабок и голем сад додајте ги сите состојки од болоњезе сосот и убаво измешајте.
Покријте со пластична обвивка со дупчиња.
Промешајте најмалку двапати за време на готвењето.
По готвењето, промешајте и додадете болоњезе сос во варените тестенини и украсете со пармезан или по желба пред послужување.
Состојки за карбонара сос
100 g димена сланина, сецкана
1 чешне лук, рендан
0,5 шолја крем
4 жолчки
100 g сирење пармезан
Сол и бибер по вкус
Состојки за тестенини
150 g тестенини, варени по упатството на пакувањето
1 лажица сирење пармезан
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Гответе ја сланината во малку подмачкана тава со лук додека не порумени и исцедете го вишокот маснотии.
Во длабок и голем сад додајте ја зготвената сланина, павлака, жолчки, пармезан, сол и бибер и убаво измешајте.
Покријте со пластична обвивка со дупчиња.
По готвењето, промешајте и додајте карбонара сос во варените тестенини и украсете со пармезан или по желба пред послужување.
Состојки
200 g рижото ориз
1,5 шолја вода или супа
0,5 шолја млеко
200 g сецкано говедско месо
2 јајца
1 кромид, сецкан
50 g грашок
100 g рендано сирење
Сол и бибер по вкус
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Додајте ги сите состојки во длабок и голем сад и добро измешајте.
Покријте со пластична обвивка со дупчиња.
Промешајте најмалку двапати за време на готвењето.
Состојки
0,5 јаболко
1 шолја зашеќерена вода (1 шолја вода + 2 лажици шеќер)
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: Стаклен послужавник
Исечете го јаболкото колку што е можно потенко со машина за сечење или лупач за зеленчук и ставете го во зашеќерена вода 1-2 часа.
Исушете го исеченото јаболко со крпа и наредете го на хартија за печење. За најдобар резултат, наредете го во еден слој.
По готвењето, оставете 1-2 часа.