Употребете ја оваа опција за да дијагностицирате или решите проблеми со вашиот апарат.
Од причини што не може да се препишат како немарност на LGE, услугата може да не работи поради надворешни фактори, како што се, но неограничувајќи се на недостапноста на Wi-Fi, губење на Wi-Fi врската, политиката на продавницата за апликации или недостапноста на апликацијата.
Оваа функција може да е предмет на промена без претходна најава и може да има поразлична форма во зависност од тоа каде сте лоцирани.
Користење на LG ThinQ за дијагностицирање проблеми
Ако искусите проблеми со вашиот апарат опремен со Wi-Fi, тој може да ги испрати податоците за проблемот на паметен телефон преку апликацијата LG ThinQ.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата дадени во апликацијата LG ThinQ.
Користење звучна дијагноза за дијагностицирање проблеми
Следете ги упатствата долу за да го користите методот на звучна дијагноза.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата за звучна дијагноза дадени во апликацијата LG ThinQ.Правилно вклучете го приклучокот за струја во штекерот.Ставете го микрофонот на вашиот паметен телефон блиску до апаратот.Притиснете го копчето Функција.Притиснете го копчето L или M додека иконата подолу не затрепка на дното на екранот. Потоа притиснете го копчето OK.Држете го паметниот телефон на место додека не заврши преносот на податоци.Откако ќе заврши преносот на податоци, дијагнозата се прикажува во апликацијата.За најдобри резултати, не помрднувајте го телефонот додека се пренесуваат звуците.Погрижете се да ја сведете бучавата од околината на минимум или телефонот може да не ги прима правилно звучните сигнали од внатрешната единица.