Комуницирајте со уредот преку вашиот мобилен телефон, користејќи ги корисните паметни опции.
Ви овозможува контрола над апаратот од далечина преку апликацијата LG ThinQ.
Оваа функција покажува уште колку циклуси преостануваат до почетокот на функцијата Tub Clean.
Оваа функција ја проверува потрошувачката на електрична енергија на последните циклуси и месечниот просек.
Оваа функција обезбедува корисни информации за дијагностицирање и решавање на проблемите кај апаратот, базирајќи се на образецот на употреба.
Ви овозможува да подесите различни опции кај апаратот и во апликацијата.
Кога циклусот е завршен или кога апаратот има проблеми, постои опција да добивате мобилни известувања на паметниот телефон. Известувањата се активираат дури и ако апликацијата LG ThinQ е исклучена.
Во следниве случаи, мора да ги ажурирате информациите за мрежата за секој апарат во апликацијата LG ThinQ под Картички на уред > Поставки > Смени мрежа.
безжичниот рутер е променет
лозинката на безжичниот рутер е променета
променет е операторот на интернет-услуги
Апликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без да им се даде предупредување на корисниците.
Карактеристиките може да варираат во зависност од моделот.