Горе > ОДРЖУВАЊЕ > Периодично чистење на уредот > Чистење на доводниот филтер

Чистење на доводниот филтер

Доводниот филтер за вода собира бигор или седименти коишто можеби се наоѓаат во водата со којашто апаратот се снабдува. Чистете го доводниот филтер на шест месеци, или пак почесто ако водата е многу тврда или пак ако содржи траги на бигор.

  • Исклучете ја чешмата за снабдување со вода на апаратот доколку планирате да не го користите одреден временски период (на пр. ако одите на одмор), а особено доколку во непосредна близина на подот нема одвод (одводен канал) за водата.

  • Ќе се прикаже пораката за грешка Water supply на контролната табла кога водата не влегува во фиоката со детергент.

  • Исклучете ја струјата и чешмата и потоа одвртете го цревото за довод на вода.

  • Отстранете го доводниот филтер со мали клешти и потоа исчистете го со помош на средно тврда четка за заби.